ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ НА МААЛСКА СРЕДБА ВО КАРПОШ : ГРАЃАНИТЕ ГО ПРЕПОЗНАВААТ НАЈДОБРОТО, НОВИТЕ ПРОЕКТИ ГИ ДЕФИНИРАМЕ ЗАЕДНО СО НИВ

0
249

Маалските средби вечерва продолжија во Карпош каде заедно со актулениот градоначалник на општина Карпош Stefan Bogoev и новиот кандидат за градоначалник Душко Весковски се сретнавме со жителите на оваа скопска општина.

Реконструиравме дел од булеварите 8-ми септември и Партизанска и целосно ги реконструиравме улиците Лондонска, Љубљанска, Московска, Брадфордска, Никола Парапунов и Ацо Шопов. Започнавме со изградба на мост на Љубљанска што ќе ја поврзе оваа улица со ул. Скупи, изградба на клучката кај Момин поток, а деновиве го распишуваме тендерот за изведба на клучката кај бул. Словенија.

Во овој дел од градот ги реконструиравме средните училишта Георги Димитров, Никола Карев, Орце Николов, Лазар Танев и Здравко Цветковски, а обезбедивме и прочистувачи за воздух за секоја училница.

Во Карпош подигнати се над 43.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 2,300 садници. Општина Карпош е побогата за два нови урбани скверови со повеќе зеленило и содржини за одмор и релаксација, еден кај објектот на Пожарната во Тафталиџе, а другиот во близина на гимназијата Орце Николов.

Како и досега, така и на овие избори СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија е убедлив фаворит далеку пред останатите политички конкуренти. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #НајдобротоЗаНашиотГрад #НајдобротоЗаНашатаОпштина

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.