ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ МУ ДАДЕ НОВ ЛИК НА ШЕТАЛИШТЕТО КАЈ ЖАБАРОТ

0
1246

Познатото шеталиште кај Жабарот на кејот на Вардар доби нов реконструиран изглед. Најфреквентната патека на овој дел од градот која беше руинирана, небезбедна и не многу достапна за велосипедистите и пешаците конечно ќе добие изглед на модерна и современа патека.

Покрај реконструкцијата на шеталиштето каде што се употреби новата технологија на лиен бетон, на овој потег е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за џебен отпад со што овој дел од кејот доби целосно нов изглед.

Особено сме горди што полека но сигурно овој дел од градот го враќа својот вистински сјај, а скопјани ќе може безбедно и сигурно да се движат, релаксираат и уживаат.
#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.