ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГРАДИ НОВ И СОВРЕМЕН МОСТ ЗА СКОПЈАНИ СО ЧЕТИРИ ЛЕНТИ КОЈ ЌЕ ПОВРЗЕ ДВА ДЕЛА ОД ГРАДОТ, МОСТОТ ЌЕ СЕ ПРОТЕГА НА ЉУБЉАНСКА СО ВКУПНА ДОЛЖИНА ОД 940 МЕТРИ КАДЕ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА УЛ. ИЛИНДЕНСКА И УЛ. СКУПИ, МОСТОТ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ЗА 18 МЕСЕЦИ

0
375

Покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, започнуваме со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Новиот мост Љубљанска ќе се протега на вкупна должина од 940 метри, поврзувајќи ги ул. Илинденска и ул. Скупи, а се очекува да биде готов во наредните 18 месеци.

Самиот мост значително ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот, а со широчина од 24 метри и 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, мостот Љубљанска е архитектонско решение што ќе биде првиот висечки мост во Скопје кој ќе овозможи непречено функционирање на сообраќајот и намалување на метежот во овој дел од градот.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.