ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ БРТ СИСТЕМ СО КОЈ СЕ РЕШАВА ГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ И МЕТЕЖ, ЕКОЛОШКИ, НАЈПРАКТИЧЕН И СО НЕПРЕЧЕНО ДВИЖЕЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ

0
206

БРТ системот не само што претставува современ сообраќаен систем кој на повеќе нивоа има позитивен ефект врз животната средина, истовремено е еден од најпрактичните еколошки алтернативи за јавен транспорт кој ќе придонесе за непречено и навремено движење на патниците.

Самите автобуски БРТ постојки ќе бидат направени по сите европски и светски стандарди со вклучено внатрешно – кровно зеленило, автоматизирани врати за влез во постојката, влез дозволен само за патниците, инкорпорирани трафики во објектот, клупи, информативни табли, банкомати, машини за продажба на карти итн., се со цел на скопјани да им се обезбеди јавен транспорт каков што заслужуваат.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.