ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ДВОНАСОЧНА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА БУЛЕВАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

0
247

🚧Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека🚴‍♀️ на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек.

Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека 🚴во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.🚴‍♂️

🚲Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно.🚴‍♀️

✅За потсетување, Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот Александар Македонски во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје. 🛣

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.