ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: ВО СКОПЈЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ ЈА РАЗВИВАМЕ ПРВАТА УРБАНА ГРАДИНА

0
235

Урбаните градини не само во светот туку и кај нас стануваат сѐ повеќе популарни.

Освен што преставуваат дел од урбаното зеленило, допринесуваат за домашните ресурси, а во исто време претставуваат градинарска терапија со која се овозможува дружење и се подобрува и психо-физичкото здравје кај луѓето.

Токму затоа во многу европски земји трендот на оживување на запуштени земјишта и депонии од кои се прават урбани градини е сѐ поголем.

Овој тренд тежнееме да го пренесеме и кај нас, а веќе еден таков пример кој е поддржан Град Скопје е општествената градина „Бостание“ во Ново Лисиче во општината Аеродром изведена од граѓанската организација „Зелената арка“, во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во град Скопје“.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје,  Петре Шилегов.