ПЕТМИНА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ НЕ БИЛЕ ПУШТЕНИ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА, МВР ВЕЛИ НЕ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ

0
683

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека не е дозволен влез на петмина бугарски државјани, поради неисполнување на условите за влез во Македонија, согласно законот за странци.

Денеска околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата“, нагласуваат од МВР.