ПЕТКОВ : НЕМА ДА ПОТПИШЕМЕ НИШТО КОНКРЕТНО ВО МАКЕДОНИЈА, СЕУШТЕ ПРЕГОВАРАМЕ

0
469

Кирил Петков денеска во Софија пред пратениците ги отфрли тврдењата дека на 22 мај во Македонија двете влади ќе стават потпис на конкретен документ. Петков вели дека дури и доаѓањето на бугарската делегација не е финализирано.

-Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно – рече тој.