Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

ПЕТКОВ : ЗА 2025 ГОДИНА ПЛАНИРАНИ СЕ РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПРОЕКТИ ВО ВИНИЦА

Прес-конференција на Миле Петков, градоначалник на општина Виница.

Почитувани сограѓани,

Со особена чест и задоволство Ви презентирам отчет за сработеното во третата година од мандатот кој ми го доверивте. Вие, граѓаните, заслужувате да знаете каде и како е потрошен секој Ваш денар, а наша обврска е чесно, одговорно, транспарентно, отчетно и наменски да ги инвестираме.

Овие 3 години се соочивме со големи предизвици и наследени проблеми, како заглавени и нефункционални проекти и неисплатени обврски на претходната локална власт. Се соочивме и со период на постковид ситуација, а потоа и голема енергетска и економска криза, како и 2 ипол години на централна власт која немаше слух и еднаков третман за општините.

И покрај тоа успеавме да реализираме голем дел од проектите, кои беа дел од нашата програма и од потребите на Вас, граѓаните на Виница, со кои верувам дека ги подобривме условите за живот на граѓаните како во градот така и во населените места.

Затоа пак наредната година, со поддршка на новата централна власт, очекувајте рекорден број на проекти во историјата на Општина Виница.

Досега овие 3 години успеавме да реализиравме проекти буквално од сите области: од областа на сообраќајната и комунална инфраструктурата, водоводни и канализациони мрежи, животната средина, културата, спортот, образованието и детската заштита, урбанизмот, против пожарната заштита, како и поддршка на граѓани и невладини организации.

Во делот на сообраќајната инфраструктура реализирани се проекти за изградба, реконструкција и рехабилитација на 30 улици и локални патишта во Виница и населените места Блатец, Градец, Истибања и Трсино во должина од 12 км.

Извршено е поплочување на улици и тротоари во Виница и населените места Јакимово и Истибања на површина од 5000 м2.

Во предтендерска постапка е изградба и реконструкција на уште 5 улици во Виница и населените места Јакимово и Црн Камен.

Имаме склучено договор за изградба и реконструкција уште на десеттина улици во Виница и населените места Пекљани, Крушево, Блатец, Липец, Градец и Лески.

Се посветивме во подобрување на патната и сообраќајната инфраструктура, бидејќи со години наназад тоа беше запоставено, а ова особено важи за населените места.

Во делот на водоводната и канализационата мрежа реализирани се повеќе проекти и тоа:

  • Доградба на филтер станицата за вода во Виница,
  • Реконструкција на дел од водоводната мрежа во с. Блатец,
  • Изградба и реконструкција на водоводната мрежа на 9 улици во градот Виница,
  • Изградба на фекална канализација во с. Липец и на 4 улици во градот Виница.

Внимание како никогаш досега посветуваме и на животната средина за што се реализирани следните проекти:

  • Затворена е градската депонијата во с. Лески, како и дивите депонии во селата Истибања, Блатец и Виничка Кршла,
  • Извршивме набавка на специјализирано комунално возило за собирање отпад и машина за метење и одржување хигиена на јавни површини,
  • Исто така, инсталирани се фотоволтаични системи на административната зграда на Општина Виница.

Со поддршка од новата влада, во тендерска постапка се два капитални проекти и тоа:

  • регулација на речното корито на Градечка река во должина од 700 метри и
  • регулација на речното корито на Виничка река и партерно уредување на истата во должина од 750 метри.

Во делот на образованието и детската заштита, во континуитет се остварени вложувања за подобрување на условите за одвивање на наставата.

Отворена е сензорна соба за лицата со интелектуална и телесна попреченост во Виница

Извршена е реконструкција на објектите на сите основни училишта во Виница, Блатец и Драгобраште и подрачните училишта во Истибања и Липец, средното општинско училиште и детската градинка во 2 објекти во Виница и објектите во Истибања и Блатец.

Отворен е Мултимедијален центар и извршено е хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во ОУ „Славчо Стојменски“ Виница.

Уредени се детски забавни паркови и поставена урбана опрема во двата објекти на детската градинка во градот.

Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани со што се поттикнува дружењето на младите.

Реконструирани и пуштени во употреба се 2 капитални проекти од областа на културата и тоа:

Старата киносала која 20 год. беше надвор од употреба, сега е комплетно реновирана и освен за проектирање на филмови ќе се користи и за многу други културни настани и

Сината сала во домот на културата Тошо Арсов во Виница е комплетно реновирана и доби сосема нов лик како култно место во кое се одржуваат културни настани од домашен и меѓународен карактер.

За поддршка на културата и културни настани беа издвоени над 6 милиони денари.

Изграден е современ кошаркарски терен и теретана на отворено.

Со над 8.000.000 денари беше поддржан спортот во Општина Виница со финансиска поддршка за спортските клубови и спортските настани кои се одржуваат во нашата општина.

Во делот на поддршката за млади, формиран е Локалниот младински совет.

Со засилено темпо како никогаш досега работевме и во областа на урбанизмот што е основа за идниот развој на Општината.

Донесени се неколку УП за изградба на капитални проекти а во завршна фаза е изработката на четири ДУП во Виница и УПС за четири села а во тек на изработка е УПВНМ за изградба на индустриска зона за мало стопанство со што ќе одговориме на барањата на потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Во поглед на противпожарната заштита преземени се повеќе активности.

После подолг временски период успеавме да обезбедиме донација на 2 специјализирани против пожарни возила и опрема за пожарникарите, со што се комплетира возниот парк на ТППЕ Виница.

Финансиски и логистички е поддржано Доброволното противпожарно друштво од Виница.

За поддршка на НВО и социјално загрозени семејства одвоивме финансиски средства во износ од над 3.000.000 денари.

Во завршна фаза на изградба се два капитални проекти и тоа:

  • изградба на затворениот Градски пазар и
  • изградба на термоизолациона фасада на административната зграда на Општина Виница.

Од програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија во предтендерска постапка е проектот за уредување на кејот на Градечка река во урбаниот дел на Виница во должина од 1 км.

Ова се само дел од многуте реализирани проекти во Општина Виница.

Почитувани,

Сето ова немаше да биде направено без нашата посветеност и работа, но и без довербата и соработката од страна на вас, граѓаните на Општина Виница.

Но, не застануваме тука. Со помош на средства обезбедени од буџетот на Општина Виница, како и од средствата од Владата на Република Македонија предвидени за нашата општина, во 2025 година продолжуваме да работиме со засилено темпо, за да создадеме подобри услови за живот и да ја направиме Виница пристојно место за живеење.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ