Петковски се сретна со Бејли: Функционери вмешани во изборен криминал да не учествуваат на изборите

0
527

bejli-petkovskiидерот на НСДП, Тито Петковски денеска се сретнал со амбасадорот на САД во Република Македонија, господинот Џес Бејли.

Како што стои во соопштението од партијата, на средбата станало збор за актуелните политички состојби и процеси во државата поврзани со обврските кои произлегуваат од договорот постигнат во Пржино, како што е процесот на прочистување на избирачкиот список, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство и реформата во медиумите.

Говорејќи за текот на подоговките на изборите, Петковски истакнал дека за постигнување на успех на истите потребно е формирање на широк опозициски фронт, односно сојуз од политички партии, граѓански организации и интелектуалци, независно од нивната етничка и верска припадност, кои ќе се обединат во борбата против криминалот и корупцијата на актуелната власт и ќе застанат цврсто во намерата за враќање на демократијата и слободата во Македонија.

Петковски ја нагласил потребата од процесирање на обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство, а кои се поврзани со спроведување на изборни нерегуларности, како нужен предуслов за враќање на довербата на граѓаните во капацитети на институциите за фер и демократски избори.
„Воопшто не е проблем да се формира и специјализирано одделение во судот, кое ќе биде задолжено за процесирање на обвиненијата поднесени од страна на Специјалното јавно обвинителство“, рече Петковски.

Лидерот на партијата истакнал дека сите високи функционери кои се вмешани во изборен криминал би требало да не им се овозможи повторно да се најдат на листите за пратеници на претстојните избори.