ПЕТАР КОЛЕВ: СОЛЗА ГРЧЕВА, ДОГОВОРЕТЕ СЕ СО ТВОЈОТ СИН, ЈА МРАЗИТЕ ИЛИ ЈА САКАТЕ БУГАРИЈА

0
2713
Мајката “патриот” и плука и мрази се што е бугарско, синчето поголем Българин од мене!

Не биди лицемер, не биде како Солза Грчева и другите лажни патриоти!
Неколку пати во телевизиските студијата сум се среќавал со почитуваната Солза Грчева и искрено сум останал вџашен од нејзината агресивност кон мене, но и сѐ што е поврзано со Бугарија. Никогаш во животот не сум се служел со такви методи, иако е јавна тајна дека можеби сум еден од најдобро информираните по таа линија, и не сум споделувал со јавноста информации за луѓе со бугарски државјанства, како и нивни блиски кои глумат патриотизам и лудило во Македонија, а во Софија се поголеми Бугари и од софијанците.

Не сум споделувал никогаш се разбира и информации за нивна сопственост(станови и куќи), фирми и бизниси, како и блиски релации со бугарскиот политички, но и подземен свет.

За моја огромна жал, тој џентлменски пристап никогаш не беше разбран и дел од тие луѓе за жал упорно продолжуваат со плукотниците и агресијата кон мене и ГДУ, како и кон сѐ што има каква и да е врска со соседна Бугарија.
Со ова лицемерие и лажен патриотизам треба да се заврши!
Не биди како Солза, не биди лицемерен и лажго!

Почитувана Грчева, кога ќе соберете смелост на македонската јавност да и споделите каде живее и со што се занимава вашиот син Андреј?
Какви се неговите политички активности во Софија и колку добро го владее бугарскиот јазик?

За неговата сексуална ориентација не би коментирал, тоа е негово лично и човеково право кое го почитувам, но ве молам Вас како негов родител не глумете некаков криво разбран конзерватизам!

Децата се огледало на родителите и Ве молам не глумете некаква жртва, бидејќи и јас и многу други во Македонија кои сме на неговите години и сме биле искрени за прашањата сврзани со Бугарија, можеме реално да сме ви деца, но тоа не ја запира вашата злоба и омраза како и пукотници и дискредитација насочена на наша адреса!
Фејсбук статус на претседателот на ГДУ, Петар Колев.