ПЕТАР КОЛЕВ: МИТКО ЈАНЧЕВ, ЗОШТО ГО ПРЕМОЛЧА ДЕНОТ НА ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ, ЗНАЕШ ЛИ ДЕКА УБИЕЦОТ НА ДЕЦАТА ВО ВАТАША Е ОД КРИВА ПАЛАНКА?!

0
255
Ги нарекуваш Бугарите фашисти и окупатори, а во задниот џеб стрчи бугарскиот пасош!

Не биди лицемер, не биди како Митко Јанчев и другите лажни патриоти!
За моја огромна жал, во Македонија бранот на лажни патриоти никако да стивне, особено кога станува збор за Бугарија и сѐ што е поврзано со неа.
Во таа редица на лажни патриоти за жал се нареди и еден од најбогатите луѓе во Македонија, но истовремено и градоначалник на Кавадарци, г. Јанчев.
Господине Јанчев, разбравме за вашата намера да го одбележите денот кога „бугарските фашисти” ги стрелале децата во Ваташа, и искрено е симпатична вашата благородна намера. Се разбира, убеден сум дека нема да му го спомнете името на офицерот што ја дал наредбата и неговото родно место Крива Паланка кое изгледа за ваша жал, денес е во границите на Северна Македонија, за чие име вие јавно агитиравте и гласавте на референдум.

Нема да ве потсетувам, се разбира дека вие подобро и од мене знаете за Тиквешкото востание, во кое загинале стотици ваши сограѓани, а градот е испепелен и тотално уништен, кое некако како градоначалник и Општина удобно го премолчивте оваа година.

Но, би сакал искрено да ве прашам…
Кога ќе соберете смелост и ќе им кажете на вашите сограѓани од која година сте бугарски државјанин?

Повеќе од јасно е дека вие сте еден од најбогатите луѓе во Македонија и некако тезата за земање на бугарски пасош од економски причини кај вас не важи.
Сигурен сум дека сте го побарале и добиле на основа идеолошко убедување и искрено сум вџашен од фактот дека во тој момент на интервјуто за државјанство не сте знаеле за „бугарските фашисти” и нивните „злодела” во Ваташа?

Бидејќи веќе ви станало јасно за тој момент, најдобронамерно ве молам кога ќе ги поставите цвеќињата на комунистичкиот споменик, во знак на освестување и висок праг на македонски „патриотизам”, оставете ги бугарската лична карта и пасош и откажете се јавно, бидејќи е нормално после толку години човек да се освести и да излезе од заблуда.

Кога сте го зеле пасошот сте биле доста млад и е логично да сте биле заблуден, но и на младите им е простено да незнаат историја, нели така кмете?

Знам дека ова нема да го објават медиумите во Македонија, на кои вие сте им рекламодавач, но пак вистината е вистина и е убаво да се знае.

Не биди лицемер и лажен патриот како Митко Јанчев!
Фејсбук статус на лидерот на ГДУ, Митко Јанчев.