ПЕТАР БОГОЈЕСКИ УБИСТВЕН: СО ЕУ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВЕКОВНАТА ИДЕЈА НА ВМРО ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!!!

0
811

ДВ: Вие лично сметате дека бојкотот е неприфатлива опција…

-Тоа не е проект кој е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Тоа е проект кој се шверцува од страна на луѓе кои сакаат целосната вина за евентуалното пролонгирање на процесите од евроатлантската агенда да падне на грбот на нашата партија, а да се амнестира СДСМ од одговорност. А реалноста е друга. Токму СДСМ со пристапот и методите кои ги користи, е најсилен фактор кој ја загрозува таа агенда. Некој сака да го амнестира СДСМ за неуспешен референдум, а да ја насамари ВМРО-ДПМНЕ. Сите треба да се обединиме во нашите политики против оваа Влада и да промовираме алтернатива во сите области. Но, факт е дека евроатлантската агенда е без алтернатива. Имам порака до сите наши сограѓани кои се одлучиле да ја поддржат опцијата за бојкот, а тоа е дека целта ги ограничува, но не ги оправдува средствата. Ако сакаме силна и стабилна Македонија, тогаш мора и средствата да бидат во таа насока. Не е можно преку бојкот на нашата заедничка иднина, да направиме напредна Македонија. Политичкиот радикализам не е решение за македонското општество. Немаме корист од размислување за минатото. Треба да се фокусираме на иднината. Ќе ми дозволите во Вашиот ценет медиум да истакнам еден наш вмровски сон, без да ми забележат останатите граѓани. Сонот на сите нас, припадници на Организацијата, е обединета Македонија. За тој сон паднаа илјадници. Само преку обединета Европа ние ќе го реализираме тој сон за обединета Македонија, без граници, слободна и просперитетна. Секој што се спротивставува на тој процес, може себе си да се нарече секако, но не припадник на Организацијата. Патриотизам е да се соочиме со предизвиците, а не да бегаме од истите.