Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ПЕРИНСКИ : СОСТОЈБАТА СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НЕ Е КРИЗА, ТУКУ КРАХ, ПОТРЕБНО Е СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во вечерашното гостување на телевизија „Алсат М“, состојбата со јавниот превоз ја оквалификува како крах, а не криза. Тој рече дека темата е актуелна веќе неколку години, а не само деновиве и посочи дека е потребно системско решение.

– Градоначалничката Данела Арсовска и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, не се решаваат. Нам ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци. Знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа. Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа терапија. Треба јасна визија, долгорочен план за раст и развој на градот, рече Перински.

Според него, владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем.

– Тоа е само залекување на рани. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој, подвлече министерот за локална самоуправа.

Тој смета дека не е предуслов сите да бидат од иста политичка гарнитура за да функционира системот, што се покажало низ годините.

– Ние сега имаме прикажување на жртва. Арсовска, сакајќи да биде жртва, нè направи нас жртви. Дури ни тоа не ја допира. Не чувствува ни грам одговорност. За каква комуникација може да се зборува со човек којшто одбива да комуницира со сите. Не комуницира ниту со членовите на советот, ниту со администрацијата, ниту пак со медиумите. Тоа кажува се. Повеќе од 24 месеци не беше појавена на ниту една седница, па како сакате кооперативност со советничките групи, рече министерот за локална самоуправа.

Во однос на тоа, дали сака да се кандидира за градоначалник на Скопје, Перински вели дека му е чест што фигурира неговото име.

– Почестен сум, иако моите обврски и енергијата во моментот се насочени кон извршување на министерската функција за којашто сум платен. Никој нема право да го монополизира изборот. Инаку, јас лично сум заинтересиран, но за тоа ќе одлучи партијата, па потоа граѓаните, нагласи Перински.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ