Почитувани присутни,
На мое огромно задоволство сакам да ве информирам дека нашите очекувања во целост се исполнија!
Општините пројавија огромен интерес на повикот за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државен буџет.
Еве ги накратко деталите:
Проекти доставија 80 општини.
Поднесени се вкупно 357 апликации.
Сумирано, ова би требало да значи дека секоја општина аплицирала со повеќе проекти.Сега се на ред ресорните министерства.
Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.
Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства треба да изготват предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука да ја достават на усвојување на Владина седница.
Очекуваме, до крајот на месецот, да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат со државните пари.
Како што веќе напоменав и на почетокот, очекувањата се исполнети, а тоа говори за фактот дека оваа Влада направи точна проценка во својата програма и ги детектираше реалните потреби на локалните власти, за подобра иднина на граѓаните.
Во оваа прва фаза, општините ќе ги поддржиме со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра, за кога е планиран и нов повик.
Ветивме развој на општините, тоа и го остваруваме.
Ова е доказ за нашиот партнерскиот однос кон општините, но и кон граѓаните“.