Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, им порачал на челниците на ПСЖ дека доколку го сакаат Кристијано Роналдо, ќе мора да му исплатат на „кралскиот клуб“ милијарда евра.
ПСЖ во финишот на летниот преоден рок се обидел да го реализира трансферот на Роналдо, но како што пренесоа француските медиуми, Реал ја одбил понудата „тешка“ 150 милиони евра.
„Доколку ПСЖ го сака Роналдо, тогаш ќе мора да издвои милијарда евра. Никој не е пророк во фудбалот, но не сакаме да го продадеме во 2016 година. Тој има уште три години договор со Реал“, изјавил Перез за радиото Cadena COPE.