ПЕРВЕРЗИЈА ВО СОБРАНИЕ, ТАЛАТ ЏАФЕРИ СЕ ИЗНЕРВИРА: АБЕ КОЛЕГИ ОД ВМРО ДПМНЕ, МИ ПРЕДЛАГАТЕ ТОЧКИ, ПЛАЧЕТЕ НА ГОВОРНИЦА КОЛКУ БИЛЕ ВАЖНИ ТИЕ ТОЧКИ А ВО ИСТО ВРЕМЕ ОДБИВАТЕ ДА ОБЕЗБЕДИТЕ КВОРУМ ЗА СЕДНИЦИТЕ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ТИЕ ТОЧКИ?!?!

0
765

Вчера околу 20 пратеници на ВМРО ДПМНЕ се изредија на говорница со предлози за точки да се стават на дневен ред, и во нив имаше разни теми од земјоделци преку туризам деца школи улици болници екологија итн итн… Но на сите тие предлози Талат Џафери им одговараше на ист начин:

– Абе колеги, сите овие точки кои ги предлагате се веќе предложени на дневен ред во повеќе седници кои се прекинати затоа што вие одбивате да учествувате на тие седници и нема кворум за тие седници, не можам да ве разберам, овде на говорница велите колку се важни овие точки и плачете за тие проблеми на граѓаните а во исто време ги кочите тие седници со месеци, ја не можам вас да ве разберам…