ПЕНОВ : ПРОТЕСТИТЕ НА ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗНИЦИ ИМААТ ПОЛИТИЧКА ПОЗАДИНА

0
210

Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

– Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „Гласот на светлината” од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, страдаат сите скопјани и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно.
Но, во секој случај создава една голема непријатност за целосното функционирање и ќе мораме да посветиме внимание тоа да го решиме, рече Пенов гостувајќи во вечерашната емисија „Вин Вин” на телевизија Телма.

Во врска со бројните проекти во Скопје кои се или заглавени или чија реализација воопшто не започнала, Пенов изјави дека потребите на граѓаните на Скопје не смеат да бидат занемарени поради некакви блокади или други причини, па затоа и скопската градоначалничка Данела Арсовска гледа интерес тие проекти да профункционираат. –

Со Универзалната сала веќа тргна процедурата. Таму е и најчисто како да се преземе институцијата, но процесот оди. Парите беа од Владата, тоа е објект на културата и може да биде и национална установа. Ако сакаше да држи блокада, ние ќе требаше да смислуваме насилни решенија, но тоа не е веќе вкусно, бидејќи треба од неа дозволи да бараме за градење.

Мислам дека по кооперативниот пат што тргнавме од двете страни ќе изнајдеме заеднички решенија, изјави Пенов. Тој најави и дека се работи на реформа на Законот за територијална организација, но, како што рече, во моментов политичката ситуација е премногу комплицирана за да се отвори дебата во јавноста за тоа.

– Политичката атмосфера е тешка за такво прашање да се стави на маса за дебата, рече Пенов.