Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ 5% ПОВИСОКИ МАРТОВСКИ ПЕНЗИИ

Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти. Ова денеска го изјави министерот за труд и социјална политика – Ѓоко Велковски.

На новинарско прашање, тој рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите.
– Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок. Така што, ова статистичко покачување од пет проценти е во моментов што пензионерите ќе го добијат како дополнување на нивните пензии, изјави Велковски.

Во согласност со новата Методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.Велковски оцени дека е минорна измената за замрзнување на покачувањето на платите на функционерите, со предложените измени на законите што ги доставија пратеници од владејачката СДСМ.

– Направено е прекршување на самото усогласување кое што требало да започне претпоставувам многу порано не наеднаш кога се случија тие 78 проценти, така што некој којшто прави само ад хок решенија се случува тоа што се случи пред година дена од денеска. Сега е минорно што тие прават измена, односно го замрзнуваат делот на покачување на сегашните плати, така што ако се следат како решенија доаѓаме до една ситуација да бидат и сите граѓани незадоволни, а процентот на зголемување на платите на функционерите да биде на ниво како што беше и реакциите да бидат нормални од страна на граѓаните какви што беа – изјави Велковски.Како што дополни, откако е тој министер на седница на Владата не се дискутирало за намалување на платите на функционерите.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ