ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ДОБИЈААТ ПОГОЛЕМА ПЕНЗИЈА ЗА 2.500 ДЕНАРИ

0
75

Собранието на денешна седница го изгласа Законот за линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари. Покачувањето ќе почне со септемвриската пензија.

За законот кој беше предложен по скратена постапка, гласаа 78 пратеници. Линеарното зголемување беше ветување на ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори.

Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари на 1 септември годинава и на 1 март следната година.