Пендаровски ја прими делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, составена од Мицковски и Гога Сиљановска

0
1193

Во вилата Водно почна средбата на претседателот Стево Пендаровски и неговите советници со Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова. Мицкоски денеска најави дека со дел од пратеничката група ќе барааат средба со Пендаровски и објаснување за, според нив, кршењето на Уставот со давањето на мандатот на Зоран Заев без обезбедено мнозинство. Пендаровски на оваа недоговорена средба одговори позитивно.

Мицкоски на конференција за медиуми изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Заев го доби мандатот спротивно на Уставот.

„Мандатот на Заев му е доделен без никаков доказ или уверение дека поседува 61 пратеник, мнозинство во Собранието. Претседателот Пендаровски претходно најавуваше средба со лидерите на сите политички партии пред да го додели мандатот со намера да се осигура дека оној кој што ќе го добие мандатот го поседува потребното мнозинство“, изјави денеска Мицкоски.

Пред вилата Водно е дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.