Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

0
94

По неколку часа консултации на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски соопшти дека донел одлука да прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена, а не во траење од 30 дена како што побара Владата.

На седницата на Советот за безбедност беа присутни премиерот, Оливер Спасовски, претседателот на Собранието, Талат Џафер, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, неколкумина правни експерти, како главниот епидемиолог, Жарко Караџовски.

Министерот за здравство претходно побара продолжување на вонредната состојба, а Владата предложи продолжување од 30 дена.