ПЕНДАРОВСКИ НЕ ПЛАНИРА ГРУПНО ДА ГИ АМНЕСТИРА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ ОТКАКО МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ МУ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА ЗИЈАДИН СЕЛА

0
605

Став на Кабинетот на претседателот во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Почитувани,

Во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, која се однесува на последната одлука за помилување на осудени лица од страна на претседателот Пендаровски и барањето за помилување на осудените во настаните од 27 април, информираме за следново:

Секоја молба за помилување се разгледува поединечно.

Со делумното ослободување од извршувањето на неиздржаната казна затвор на лицето Абдуљфета Алими, претседателот не донесе одлука за околностите и настаните од 27 април, туку одлука за индивидуалната молба поднесена од Алими.

Претседателот никогаш не одлучувал селективно, така било до сега, така ќе биде и од сега.