Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ПЕНДАРОВСКИ : М-НАВ Е ЗРЕЛА ЗА ГЕНЕРАЛЕН РЕМОНТ

Прашан за имињата на новите директори на М- НАВ, за последниот предлог за прв човек на М – НАВ кој бил роднина на Али Ахмети, како и за тоа дека ДУИ останува на чело на таа институција, Пендаровски одговори дека не мисли оти само ДУИ е на чело на таа институција. Нагласи дека нема информација што се случувало на Владата во изминатите неколку часови, но, како што истакна, извршните органи треба да влезат во процес на расчистување на тој случај.

Според него, М – НАВ е зрела за генерален ремонт.Пендаровски потенцираше дека незадоволството на контролорите на летање трае подолго време и потсети дека нивниот синдикат реагираше и пред година – две, кога имаше обиди на данскиот конкурс да се примат неквалификувани кадри.

– Се работи за дел од критичната инфраструктура. На неа се гледа со посебно внимание. Постои посебен закон за таа критична инфраструктура. Ние сме членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал. Во просториите на тој дел од критичната инфраструктура, да се пресметуваат физички луѓето како да е кафеана. Мислам дека од тука треба да тргнеме и извршните органи, пред сѐ Владата да влезе во процес на расчистување. Едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика. Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт, потенцираше претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека како политички фактор не смее да се меша во тие постапки, но информира дека според обезбедените видео ленти станува збор за физичка пресметка, а не за кошкање. Што се случувало, потенцира Пендаровски, е работа на обвинителството, но не се работи само за кошкање.Претседателот Пендаровски меѓу другото исткана дека партизацијата е рак рана на македонското општество, а се уште на сила го имаме етничкиот балансер.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ