ПЕНДАРОВСКИ: МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРОЧИСТИ ОД СИТЕ КОИ ЗАЛУТАЛЕ ВО ПРАВО РАЗДАВАЊЕ НО ИМААТ ДРУГИ РАБОТИ НА УМ

0
673

ФАКТОР.МК: Ако ги погледнете сите актуелни случувања во Судскиот совет и хронолошки сите судски одлуки за, според јавноста, најжешките предмети, дали, од денешна перспектива, повеќе сте за ветинг во судството, или сметате дека и без него може(ше) да се средат тековите во правосудниот систем, кој е витален за државата?

Пендаровски: На парламентарните избори во 2016-та година, како носител на листата во првата изборна единица се залагав за ветинг на судиите и обвинителите. Меѓутоа, во меѓувреме беше формирано СЈО кое од самиот почеток почна да покажува завидни резултати, а по формирањето на првата влада на Заев во 2017-та, во Брисел имаше сериозни резерви во однос на еден таков зафат, имајќи ги предвид негативните ефекти од тој процес во соседна Албанија.

Меѓутоа, денес гледајќи ги „ефектите“ од работата на актуелниот правосуден систем, јасно е дека некаков тип на кадровско прочистување во правосудството ќе биде нужно во блиска иднина. Се разбира, концептот треба добро да се осмисли и да се спроведе со експертска поддршка од ЕУ, затоа што се сомневам дека само со употреба на домашните ресурси можеме суштински да ја промениме состојбата во таа област.