ПЕНДАРОВСКИ : ЗАСИЛЕНАТА РЕТОРИКА И ЗАКАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОКАЖУВААТ ДЕКА РАБОТИТЕ НА ТЕРЕН НЕ ИМ ВРВАТ ДОБРО

0
76

Последните денови опозицијата ја засилува реториката и заканите, не само кон мене, туку и кон другите граѓани. Тоа ми е знак дека работите не им врват добро на терен, рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Куманово, одговарајќи на прашања од публиката.

Тој додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ чувствува дека не е баш точно чувството дека се сигурни победници со 100-200 илјади гласови разлика.

-Вашето масовно присуство е доказ дека тие се во голема заблуда, рече Пендаровски.

Претседателот објасни дека насилството е дел од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и дека во 2011 година тие со специјални сили ја затворија најгледната телевизија во тоа време.

-Вие денес може да викате и пцуете против претседателот до сабајле, влакно од глава нема да ви фали, рече Пендаровски.