ПЕНДАРОВСКИ: ДРЖАВНИОТ ВРВ ЗАКЛУЧИ ДЕКА ЗАСЕГА НЕ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛА ДРЖАВА

0
164

Заклучокот на Советот на безбедност е дека не треба да се избрзува со прогласување на кризна или вонредна состојба на цела територија, соопшти претседателот Стево Пендаровски по завршување на средбата.

-Заклучокот е дека ако има потреба, денеска нема потреба, можеме да прогласиме кризна состојба и во други општини, како во Дебар и Центар Жупа. Не е потребно да избрзуваме со кризна состојба на цела територија. Јасно е дека кризата ќе трае и мораме ресурсите да ги димензионираме според ризиците. Апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да не патуваат надвор и би сакал да упатам апел до нашите државјани кои работат во странство, без голема потреба да не се враќаат во Македонија, рече Пендаровски.