ПЕНДАРОВСКИ ГИ ОСУДИ СЛУЧУВАЊАТА ВО М-НАВ, ЈА ПОДДРЖУВА ВЛАДАТА ЗА СМЕНА НА РАКОВОДСТВОТО И МВР ВО РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ

0
260

Истовремено, Пендаровски ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа, како што наведува, „е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај“.

-МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на противправните дејствија треба да се земе предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, соопшти Кабинетот на шефот на државата.Претседателот Пендаровски нагласува дека „ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите“.