Соопштение од ПДП:
„Како што веќе сме ја инфомрмирале пошироката јавност за одлука на Централното Собрание на ПДП од 13 август 2016 год. во просторрите на Домот на Културата со почеток во 11.00 часот Партијата ќе го оддржи 7-иот вонреден Конгрес на кој согласно член 66 од Статаутот на ПДП ќе учествуваат 700 делегати делегирани од ограноците на ПДП пропорционално со бројот бројот на членството, сите членови на органите и телата на ПДП и поканети гости , активисти и поранешни функционери на партијата.
На Конгресот ќе се донесе нова предизборна платформа на ПДП и ќе се избира нов претседател на партијата.
Партијата за демократски просперитет ќе учествува на наредните парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 иако ПДП смета дека не се исполнети ниту минимум условите за кредибилни и фер избори.
ПДП смета дека бришењето од избирачкиот список на 30.000 избирачи е антиуставен чин и Уставниот суд за тоа треба да се произнесе што побрзо. Партијата смета дека учеството на албанските политички партии во преговорите Пржино 1 и 2 беше само од декоративен карактер и нивното учество заврши со дебакл за албанските гласачи кои или беа избри.шани од гласачкиот список или ставени во посебен „гастарбајсерски„ список.
Со уважувањето на Жалбата на ПДП против решението на Основниот суд во Тетово од 26.04.2016 со кое беше направен груб упад во внатрешната структура на ПДП од страна на тетовскиот Суд спротивно член 16 од Законот на политичките партии и со укинувањето на истото решение Апелационит Суд во Гостивар покажа вистински пример како судиите треба да судат во согласност со Уставот и законите на Република Македонија.
Решението донесено од судиите на Апелациониот суд во Гостивар е јасна оптимистичка порака до граѓаните на републикава да ја вратаат довербата во судството и сигнал дека и покрај одредени поединечни судски скандали судството во целина е способна да се носи и со најтешки правни предизвици.
ПДП смета дека со горенаведеното решение на Апелационит Суд во Гостивар завршија дефинитвно и политичките гимнастики и калкулации на двоецот Алити-Адили кои скоро два лета во шаторите на СДСМ и Бихачка со тапаните и зурлите на главните играорци на СДСМ исценираа како да го играат македонското оро „тешкото„со социјалдемократска музика и пдп-овски текст. Но, за нивна жал и за среќа на граѓаните ги замешаа чекорите и паднаа на подиум!