ПДП: Што е улогата на Питер Фејт, да го спаси Али Ахмети од аферите ли?

0
372

pdp1_0-540x224

Што улога има сега Питер Фејт, да го спаси Али Ахмети од аферите ли? Знае ли тој дека мандатот на партиите на Договорот од Пржино е расчистување на корупциските и изборните афери, прашува ПДП.

„Гледајќи дека од ден на ден се повеќе се задавува, Али Ахмети прави обиди да се фати за сламка. Јавноста веќе многупати слушнала дека Алија многу пати изјавил дека Охридскиот Договор е Библија и Куран на неговото политичко размислување и дека тој 90 отсто е имплементиран и дека со тој ниво на имплементација „Албанците веќе го обезбедиле нивниот престој во Рајот. Што бара сега Алија? Тоа што не можел 14 години да го имплементира?“, се наведува во соопштението од ПДП.

Проширувањето на Охридскиот договор, додаваат од партијата, не може да го направи една политичка партија која треба да биде предмет на истражување од страна на Специјалниот обвинител поради аферата „Маѓар Телеком„ и другите афери од процесот „бомби„ ниту пак лидер кој не може да се појави слободно пред неговите гласачи.

„Дали е запознат Питер Фејт со разно-разните изјави на Алија во медиумите на Косово и Албанија дека „Албанците се конститутивен народ во Македонија, дека албанскиот јазик е втор службен јазик, дека има многу полицајци Албанци, дека Албанците ги уживаат сите национални, културни, економски и социјални права“, прашуваат од ПДП.