ПАДНАА УШТЕ ДВАЈЦА РЕЖИМСКИ ПОТТРЧКОВЦИ : РАЗРЕШЕНИ КУРТОНИТЕ ЖУГИЌ И БАТО ДИМИТРОВ ОД ДИРЕКТОРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ТЕАТАР И КОМЕДИЈА И ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ!!!

0
2065

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска ги разреши директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров и досегашната директорка на НУ Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ.

За вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска – Силјановска, а во Театар Комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска – Ристов.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори“, се вели во појаснувањето од Култура.