ПА НЕЛИ Е МЕСТЕНО БЕ ВМРОВЦИ?! ПРАВДАТА ПОБЕДИ! ИМА ПРАВДА! ВИНОВНИ СЕ! МИЈАЛКОВ ДОБИ КАЗНА ЗАТВОР 12 ГОДИНИ, ЈАНКУЛОВСКА 4 ГОДИНИ, ГРУЈЕВСКИ 15 ГОДИНИ, ЈАКИМОВСКИ 6 ГОДИНИ, БОШКОВСКИ 15 ГОДИНИ!

0
179

Затворска казна од 12 години за поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Ова е казната која денеска му ја изрече Кривичниот суд, прогласувајќи го за виновен за незаконското масовно прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој, според пресудата е главниот организатор на прислушувањето, за што имал можност и моќ.

Мијалков се гонеше за три кривични дела, односно за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за што е осуден на казна затвор од 5 години, за „Злосторничко здружување“ на казна затвор од 5, и за „Примање награда за противзаконито дејствување“ на казна затвор од 3 години, или единечна казна за сите три дела од 12 години.

Сепак казната набрзо ќе му се намали, бидејќи едно од делата му застарува за еден месец.

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска пак е осудена на казна затвор од 4 години, началничката Надица Николиќ на казна од 3 години, а Тони Јакимовски на казна затвор од 6 години.

Бегалците, односно поранешните началници во УБК, Горан Грујевски е осуден на единечна казна од 15 години, а Никола Бошкоски на 15 години.

-Во случајот се работи за континуирана злоупотреба, да се воспостави целосна контрола врз политичкиот, економскиот и општествениот живот во Македонија, истакна судијата Владимир Туфегџиќ, при објавата на пресудата, констатирајќи дека прислушувањето се вршело од УБК, а не од трета страна, како што тврдеше одбраната.

Судијата Туфегџиќ истакна и дека актуелиниот предмет во Судот за човекови права во Стразбур, поврзан со аболицијата на обвинетите, не претставувал процесна пречка за донесување на пресуда во прв степен.

Судијката Џенета Бегтовиќ, пак, истакна дека овој предмет бил најважниот предмет на СЈО, бидејќи од него произлегле и останатите предмети, поврзани со масовното незаконско прислушување.

-Со оглед дека ова е најбитниот предмет на поранешното СЈО, имаше приоритет во постапувањето и направивме напори да го решиме во најкраток можен рок и тоа во услови на пандемија, истакна судијката.

Бегтовиќ додаде дека во случајот како оштетени до судот се пријавиле 130 граѓани, биле сослушани стотина сведоци и биле изведени 810 докази.

Извор : Фокус.Мк