ПАЧЕШКОСКИ : ОСТАВКА НА ПРАТЕНИКОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП ПЕТАР РИСТЕСКИ ЗА СТОРЕН МИЛИОНСКИ КРИМИНАЛ КАКО ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

0
376

Прес конференција на Зоран Пачешкоски – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

Почитувани,

Откако Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Петар Ристески, прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исчезна од јавност.

Ристески нема ниту храброст, ниту доблест да се откаже од пратеничкиот имунитет и да им се стави на располагање на правосудните органи. Наместо тоа, се крие зад нарачани изјави на советници од неговата партија, кои безуспешно се обидуваат да ги забошотат фактите и бројките изнесени во кривичната пријава и да го бранат она што ниту смее, ниту може да се брани.

А тие велат дека од октомври 2015 до август 2017 година, од позиција на директор на прилепската болница, без да распише тендер, Петар Ристески набавил 190.000 килограми мазут, во вкупна вредност од околу 5.500.000 денари.

Бидејќи е очигледно дека Ристески нема намера да се појави пред лицето на правдата и дека ќе се крие зад пратеничкиот имунитет, го повикуваме претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, да побара оставка од својот сопартиец.

На тој начин, како прв човек на прилепскиот Општински комитет но и како претседател на Советот на општина Прилеп, Проданоски ќе покаже дека има неселективен пристап во она коешто често го споменува во своите изјави – борба против корупцијата и криминалот.

Истовремено, тоа ќе значи и негово дистанцирање од злосторничкото здружување кое во прикриена форма и натаму опстојува во партијата на Мицкоски, а поради чии незаконски и криминални активности судот им ја конфискуваше „Белата палата“.

Господине Проданоски, покажете дека не сте како нив – побарајте оставка од Петар Ристески!

Ви благодарам.