Wednesday, July 16, 2025
25.8 C
Skopje

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ – НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ОДИ СО ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на Партија на пензионери, Илија Николовски, изјави дека била спроведена внатрепартиска расправа иу дека од вкупно 100 учесници, неколкумина предложиле самостоен настап на локалните избори, никој не се изјаснил за останување со партијата СДСМ, додека околу 90% се изјасниле дека сакаат коалиција со актуелната власт.

Партија на пензионерите ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт.

– Ние, како Партија на пензионери, досега бевме во коалиција со СДСМ. Имаме извршен одбор, имаме централен одбор, расправавме на таа тема и од 100 луѓе, неколкумина се изјаснија дека треба да бидеме самостојни, ниту еден не се изјасни дека треба да останеме со СДСМ, а 90% се изјаснија дека се за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е да одиме со актуелната власт – изјави Николовски.За претстојните локални избори, партијата ќе настапи со свои советнички листи во Штип, Делчево и во Пехчево, додека во општина Карбинци ќе има и сопствен кандидат за градоначалник.

– Ние имаме кандидати, ќе предложиме во Штип да имаме советник, во Карбинци имаме и кандидат за градоначалник, ќе бараме во Делчево, во Пехчево – додаде Николовски.Според него, очекувањата се за зголемена активност и за вклученост на членството, како и за добивање поголем број советнички места во општините. На државно ниво, партијата ќе бара и учество во извршната власт, преку министерски позиции и преку директорски функции.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ