ПАРТИИТЕ ГИ ФИНАЛИЗИРААТ ЛИСТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ И РАЗГОВОРИТЕ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ

0
223

Политичките партии ги комплетираат листите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 8 мај, а се финализираат и разговорите за коалициите за изборите.

Синоќа на конгрес СДСМ ги промовираше носителите на листите и програмата. ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја промовира програмата за парламентарните избори, а носителите на листи се објавени. ЗНАМ ќе одржи конвенција, а НСДП одржува Конгрес.СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на државата и ќе го забрзаат влезот на Македонија во ЕУ. На граѓаните им ветуваме.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на синоќешниот 28. Конгрес на партијата објави дека тој ќе биде носител во Првата изборна единица, ко-носителка Моника Зајкова од ЛДП, во Втората изборна единица Оливер Спасовски и ко-носител Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојчевска, додека во Шестата изборна единица листата на СДСМ ќе ја ја предводи Славјанка Петровска, а зад неа е Агрон Демири.

Ковачевски истакна дека СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на државата и ќе го забрзаат влезот на Северна Македонија во ЕУ.Според него, сите нивни залагања, целата работа и посветеност и тешките одлуки што ги донеле во изминатите седум години биле во насока на тоа, земјата што поскоро да стане членка на Европската Унија.

-Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. Јас знам дека тој пат не е лесен, особено за нас. Јас на своја кожа почувствува дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Затоа уште еднаш ќе потенцирам дека на Македонија и е потребна Европската Унија. Тука не зборувам за бркање на европскиот сон! Географски и културолошки, Македонија е составен дел од Европа. Она што нѝ треба и кон кое се стремиме се европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега, без одлагање и за сите, истакна Ковачевски.

Според него, СДСМ на изборите ќе извојува двојна победа како на претседателските избори со Стево Пендаровски и на парламентарните избори.

Презентирајќи ја програмата тој кажа дека таа ќе биде заснована на неколку столбови и тоа европски плати и животен стандард, достоинствен живот за пензионерите и поддршка за младите, силна домашна економија и модерна европска инфраструктура.

Вети завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година и просечна плата од 1.100 евра и минималната плата од 600 евра или 37.000 денари.
– Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата, дополни Ковачевски.
По 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години е дел од поддршката на младите која е предвидена во програмата.

Пред почеток на настанот ќе се одржат пет програмски дебати, а потоа пред присутните ќе се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој ќе презентира дел проектите од програмата на ВМРО.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја презентира програмата со која ќе настапи на парламентарните избори 2024, насловена „Платформа #1198“.
Пред почеток на настанот ќе се одржат пет програмски дебати, а потоа пред присутните ќе се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој ќе презентира дел проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2024 година „Платформа #1198“.

Првата програмска дебата ќе биде на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“, а втората е на тема „Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ“.

Третата програмска дебата е за „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“, додека четвртата е на тема „Нови стратегии за здравство и социјална политика – за поправедно општество“. Петтата и последна програмска дебата ќе биде на тема „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“.

Носители на листите за пратеници ќе бидат лидерот на партијата Христијан Мицкоски во Првата, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски во Втората, Драган Ковачки во Третата, Александар Николовски во Четвртата, генералниот секретар Ѓоргија Сајковски во Петата и Дафина Стојановска во Шестата изборна единица.
Вчера прес-конференција одржа Демократскиот сојуз, кој објави дека преговара за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.Мендух Тачи од ДПА најави дека в понеделник ќе потпишат коалиција со Демократската унија за интеграции.Нова социјалдемократска партија-НСДП денеска од 13 часот во хотел „Хилтон“ ќе го одржи шестиот Конгрес/Конвенција на која ќе бидат утврдени кандидатите за пратеници за претстојните парламента

НСДП за денеска исто така најави одржување на Шестиот конгрес, на кој ќе бидат утврдени кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори. Во свечениот дел од конгресот ќе има промоција на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и во него ќе говорат претседателот на НСДП, Горан Мисовски и лидерот на Европската коалиција и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.На работниот дел од Конгресот ќе бидат утврдени кандидатите за пратеници од НСДП за изборите во мај 2024 година, на коалиционите листи на Европската коалиција предводена од СДСМ. Исто така, ќе бидат утврдени и стратешките програмски приоритети на НСДП за периодот 2024-2028.

На собранието, како што соопшти партијата, присуствуваа поддржувачи од целата држава. За претседател е избран Максим Димитриевски, а за дел од работното Претседателство се именувани Катерина.

Конвенција ќе одржи и партијата ЗНАМ на која ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. Носител на листата во Првата изборна единица ќе биде Бобан Карапејовски, во Втората Даниел Стојчевски, во Третата Павле Арсовски, во Четвртата Миле Цеков, во Петата Весна Бендевска и во Шестата изборна единица Небојша Захариевски.

Достоинство денеска најавува прес-конференција на која, меѓу другото, ќе ја информираат јавноста за нивните следни политички чекори во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори.