ПАПАПАПА – СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ ГО ПРОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ ЗА ЛОЈАЛЕН И СИГУРЕН ПАРТНЕР НА САД

0
915

Заменик-државната секретарката на Стејт Департментот Шерман до Заев: Ги поздравуваме вашите заложби, вие сте доверлив партнер на САД

Премиерот Зоран Заев попладнево оствари работна средба со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД – Венди Шерман, на кој беа присутни и останатите сојузници како и претставници на НАТО.

На состанокот беше разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и беа утврдени механизмите за евакуација на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан.

Премиерот Заев ги информираше Сојузниците дека Северна Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и ги подготви протоколите со кои Владата на Република Северна Македонија во овој момент е подготвена да прифати околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Заменик-државната секретарката на Стејт Департментот – Шерман отворено ја поздрави заложбата на Северна Македонија како потврден и доверлив партнер на САД во оваа заедничка хуманитарна мисија.