Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ кои на минатите избори станаа пратеници преку листите на ВМРО-ДПМНЕ, на претстојните избори ќе бидат на листите на СДСМ кои ги објави Канал 5.
Минов е во изборната единица 4, на местото број пет. Рамчиловиќ пак е во изборната единица 3, на местото 10.
И двајцата пратеници гласаа за уставните измени за промена на името и ја напуштија пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.