Денеска во Центарот за Обука на МВР во Идризово во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицковски, свечено беше предадена меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР.
Акредитацијата од страна на Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) свечено ја предаде американскиот амбасадор во Македонија, Ангела Агелер.
Ова е уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука, кој му е неопходен на Министерството во своето успешно функционирање, за сите негови полициски служби и организациски единици.
Целосно сме свесни дека стручната и професионална едукација и надградбата се основните столбови на квалитетното функционирање на една институција и оттаму уште со доаѓање на ова раководство на Министерството развојот на Центарот во сите сегменти го поставивме како врвен приоритет.
Врвното образование, обуките и професионалноста во пристапот очекуваме да ги привлекуваат најдобрите кандидати кои ќе ја продолжат својата кариера во полицијата и Министерството и ќе го даваат својот придонес во создавање на успешно, модерно и функционално општество и држава преку борба и спречување на сите видови криминал кои директно ја нарушуваат благосостојбата на граѓаните и општеството.



