Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ЌЕ ГО КАЗНИ ПОЛИЦИСКИОТ СЛУЖБЕНИК КОЈ УРГИРАЛ ЗА БРАТОТ НА ЃОРЃИЕВСКИ, ЗА ВОЗАЧОТ СЛЕДИ КАЗНА И ЗАБРАНА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави покренување кривична постапка против полициски службеник. Службеникот дозволил да не се санкционира братот на градоначалникот на општина Гази Баба за прекршок во сообраќајот.

Инцидентот се случил кога возачот управувал со 88 километри на час на место каде што ограничувањето било 50 километри на час. Наместо да биде санкциониран сторителот, полицаецот внесол податоци за сосема друг граѓанин кој немал врска со прекршокот.

Тошковски изјави дека постапувањето на службеникот било спротивно на законските овластувања и дека се работи за два сериозни пропусти. Се работи за пропуштање да се казни вистинскиот прекршител и внесување лажни податоци во официјалната документација.

Министерот информираше дека лицето, брат на градоначалникот на Гази Баба, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра. Дополнително, ќе биде поднесено барање за изрекување на забрана за управување со моторно возило.

Тошковски нагласи дека Министерството за внатрешни работи веднаш постапило по информациите објавени во јавноста. Тошковски упати јасна порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно законот и стандардно-оперативните процедури.

Опозициската СДСМ денеска објави дека на 20 април, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата застанала возило со преголема брзина управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба.

Според СДСМ, полициските службеници не го санкционирале сторителот по наредба на началник во Министерството за внатрешни работи.

Извор: Република

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ