

Од страна на припадници на ЕИП на министерот Тошковски му беше извршена презентација на дел од опремата и вооружувањето кое го користи Единицата и му беа прикажани неколку показни вежби преку кои беше претставено постапувањето на полициските службеници при разбивање на толпа, пресретнување на возило и приведување на лице од затворен објект.
Исто така, министерот Тошковски одржа работен состанок со раководството на ЕИП каде се разговараше за тековните активности и проблеми со кои се соочуваат, а беше ставен акцент и на претстојните избори во чие спроведување Единицата има значајна улога од аспект на обезбедување на целокупната безбедност на изборниот процес.