Monday, November 4, 2024
9.8 C
Skopje

ПАНОВА : ПОРАДИ СРАМНО ПОТПИШАНИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ОД СТРАНА НА СДС И ДУИ, МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вчерашното гостување на емисијата ,,Отворено“ ма телевизија 24 се произнесе во врска со почнувањето на преговорите со ЕУ и Албанија и истакна дека Република Македонија направила многу отстапки и многу чекори меѓу кои од нив и промената на името но сепак Македонија заврши во чекална.

„Нашиот став и цел е дека ние ќе го продолжиме нашиот интегративен пат но не по секоја цена, не можеме да очекуваме утре или задутре да се реши овој проблем, ние ќе работиме на овој план овој период и ќе излеземе со конкретно решение за овој проблем”, рече Панова.

Панова исто така нагласи дека државата е во ваква ситуација поради срамниот договор кој го потпишале ДУИ, СДС и Османи, и нагласи дека нема да се донесуваат одлуки кои ќе бидат во спротивност со желбите и потребите на граѓаните.

„Ние ја добивме довербата од страна на граѓаните и нема да донесеме одлуки кои се бидат во спротивност на граѓаните на Република Македонија, Нема да ги лажеме граѓаните како што тоа го правеше СДС и ДУИ“, рече Панова.

ОВАА НЕДЕЛА

КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ ГЛАСАЛА, НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ПОРАЧА : ВАШИОТ ГЛАС Е ВАША МОЌ!

Потпретседателката на САД и  кандидатка на демократите за иден...

УТВРДЕНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТЕТОВО, ОХРИД И СТРУГА, ЗАТВОРЕН Е СТРУШКИОТ МЕДИЦИНСКИ СМЕР

Инспекцискиот надзор утврдил нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ