Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ПАНОВА : ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА ПРАВОСУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ТРЕБА ДА БИДЕ ПОВРЗАН СО КОНКРЕТНИ РЕФОРМИ И ЈАСНИ РЕЗУЛТАТИ

Во текот на денешната општа расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, при што посебен акцент и осврт даде на судството и обвинителството кои до сега немале повисоки буџети.

Таа истакнува дека буџетот на судската власт е за речиси 8% поголем од буџетот предвиден за 2024 година, додека пак кај обвинителството зголемувањето е за 9,5%, но истовремено од друга страна, во последните години довербата на граѓаните во правосудството е алармантно ниска или само 2%, што е аларм дека системот не функционира како што треба и дека граѓаните не го чувствуваат истиот како средство за заштита на нивните права.

„Во овој контекст, поставувањето на барањето за зголемени средства за правосудството и обвинителството мора да биде предмет на внимателен преглед. Дали повеќе пари ќе го решат проблемот? Не, ако нема реформи во самиот систем. Буџетските средства не можат да го поправат структурниот проблем што лежи во етиката и интегритетот на самите судии и обвинители“, децидна е Панова.

Според неа, доделувањето на поголеми финансиски средства треба да биде условено со потполна системска реформа која истовремено ќе значи и повисоки стандарди на морал и етика во правосудството, бидејќи на нашето општество му е потребен систем кој ќе биде ефикасен, правичен и професионален.

„Предлогот за зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати. Првенствено, мора да се постават стандарди за избор и оценка на судиите и обвинителите, кои ќе бидат транспарентни и јавни. Треба да се обезбедат механизми за надзор и санкционирање на неетичкото и неефикасно работење. Сè тоа ќе биде основа за изградба на довербата што ја изгубија нашите граѓани, заклучува Панова.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ