Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

ПАНДОВ: ЗАТВОРСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ ШТО ПРЕНЕЛ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ОД ЕДНА ВО ДРУГА ЌЕЛИЈА ДА СТИГНЕ ДО ВАСИЛ ЈОВАНОВ Е СУСПЕНДИРАН!

„Најголемите шверцери, така да ги наречам, на телефони, на дрога, на недозволиви предмети, се вработени од затворот. За тоа мене никој не може да ме разувери дека е така. Еден телефон 250 евра. Тој вчера бил продаден за 400 евра. Тоа се многу пари“, вели директорот на Управата за извршување санкции.

Суспендиран е затворскиот полицаец што го пренел мобилниот телефон од една во друга ќелија за тој да стигне до Васил Јованов, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Тој во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма даде објаснување како мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов, кој е во притвор откако вечерта на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ со автомобил удри во 22-годишната девојка Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, а која им подлегна на повредите на самото место.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ