ПАНДОВ: АЈДЕ НАРОДЕ ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПРОТЕСТ НА 18-ТИ, ВРЕМЕ Е ВМРО ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ ТАМУ КАЈ ШТО ЗАСТАНАВМЕ, ГРУЈЧЕ ДА СИ ГО ВРАТИМЕ И ПАРТИСКИТЕ СЕДИШТА ДА СИ ГИ ВРАТИМЕ ПА И ПО МИКОНОС И ХАЛКИДИКИ ДА СЕ ПЛЕСКАМЕ

0
3745

Пандов: Национални понижувања, задирање во македонскиот идентитет, лоша економија се само дел од причини поради кои граѓаните треба да излезат на 18-ти јуни на протест.

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ порача дека јасно и гласно на 18-ти јуни на Ковачевски ќе му биде преточено каде му е местото. Уште на локалните избори граѓаните на СДСМ му покажаа каде му е местото со победата на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал се уште СДСМ и ДУИ се на власт. А, токму тоа Македонија ја чини многу пари. Многу јад и чемер гледа Македонија во нивното владеење. Но, јас искрено сум оптимист и мислам дека се броени деновите на оваа Влада и дека на есен ние ќе имаме предвремени парламентарни избори“, истакна Пандов, додавајќи дека листата на штетните политики на оваа власт кон Македонија е премногу долга, и верува дека македонските граѓани едвај чекаат предвремени избори за да го разрешат СДСМ од власт.

Пандов додаде дека македонскиот народ треба да излезе и да протестира бидејќи власта многу штета направи на Македонија со штетните политики. Националните понижувања кои што се случија на македонските граѓани, задирање во македонскиот идентитет, бришење на правото да македонскиот граѓанин е Македонец надвор од Македонија, неправди во правосудството, корумпирано правосудство, лоша економија, висока инфлација, се само дел од причини поради кои граѓаните треба да излезат на 18-ти јуни на протест.

Во текот на емисијата Пандов посочи дека последното видео каде што Ковачевски се смее и молчи на коментарите на премиерот на Албанија е голема навреда за македонскиот народ. Не може премиер да премолчи на коментарите каде што се навредува државата.

„Тој човек нема политички капацитет. За да си премиер треба да си спремен политичар. Ковачевски покажа дека не е спремен за да остане премиер на Македонија“, појасни Пандов.

„А, да не говориме за инфлацијата во Македонија, завчера читав дека 8.1% е европскиот просек, а во Македонија околу 12%, односно поточно е 11.9%, тоа е скоро 50% поголема инфлација имаме ние од Европа. Податоците во економијата за Македонија се застрашувачки“, нагласи тој.

Пандов порача дека и двојката на Ковачевски добиена од граѓаните школски е чиста единица. Иако Ковачевски е над 100 дена премиер на Македонија за жал не направи ништо за граѓаните, напротив државата ја втурна во поголема сиромаштија.

Пандов: На народот му е дојдено преку глава, затоа огромен број на граѓани ќе излезат на протестот на 18 јуни, мора да се стави крај на тешкиот живот во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е предводник на овој протест, но огромен број на луѓе ќе дојдат на протестот на 18 јуни, од сите партии и националности. На народот му е дојдено преку глава, не можат да го издржат повеќе ова страдање, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов истакна дека масовноста на протестот ќе биде одраз на лошиот живот во Македонија, затоа што обичниот народ пати изминативе години, а владата владава нема ништо добро направено и тоа го покажуваат сите бројки.

Пандов посочи дека колку и да се правда власта, реалноста е дека токму заради нив има толку висока инфлација и дека државава не памети толку високи цени, – Македонија не памети поскапи горива, а денеска има ново покачување. Поскапеа горивата, народот нема пари, народот со оваа влада станува се посиромашен и посиромашен мора да се стави крај. Крајот е предвремени парламентарни избори, да повлечеме црта и да тргнеме напред, вели Пандов.

Доказ за лошиот живот со оваа власт, како што рече Пандов, е тоа што на сите анкети младите кажуваат дека сакаат да си заминат од Македонија.

– Младите на возраст од 18 до 35 години, над 80% на сите анкети велат дека би си заминале од Македонија. Тоа е страшно нешто. Ковачевски се провозел ли низ Македонија, видел ли како се живее? Се иселуваат луѓето и тоа е запрепастувачки, а оваа влада не ни разговара за тоа, потенцира Пандов.

Тој нагласи дека луѓето не ја напуштаат државава и само заради сиромаштијата туку и заради системот и нефункционалноста на македонското општество.

– Овие 4-5 години на граѓаните им е дојдено преку глава. И тоа ни е показател како гледаат на денешното живеење. Можеби и да не работат ќе направат подобро нешто, затоа што со се што прават тоа е лошо за државава, рече Пандов.