Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ПАМЕР: МАКЕДОНИЈА ЈА ИСПОРАЧУВА НАЈДОБРАТА РЕФОРМСКА АГЕНДА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оцени денеска австрискиот амбасадор Мартин Памер, на конференцијата на Академијата за европска интеграција, насловена „Патот на Макеодонија до ЕУ: Предизвици и можности“.

Според амбасадорот, граѓаните треба да бидат оптимисти, бидејќи, како што рече, „Владата посветено работи на евроинтеграциите и Македонија веќе оди кон Унијата, трае скриниг процесот, следно е одржувањето на втората меѓувладина конференција, со што би започнал преговарачкиот процес“. Памер додаде дека очекува уставните измени да се спроведат во услови на добра волја.

– Македонија беше првата држава од Западен Балкан што ја испорача реформската агенда за планот за раст на Западен Балкан и тоа всушност беше најдобриот план. Тој е сеопфатен добро развиен, што ниту една земја во регионот досега не успеа да дојде до тоа – рече Памер.

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на конференцијата нагласи дека активно се работи на спроведување на реформската агенда, но дека веќе сме изморени од ветувања и условувања.

– Македонската Влада е подготвена да го вложи целокупниот човечки и институцинален потенцијал за да стане дел од европското семејство, но дека веќе сме изморени од ветувања и условувања преку кои не се поминува – рече Трајков и додаде дека финансиските средства кои ги добиваме од Европската унија за спроведените реформи се доказ дека посветено и успешно се работи на реформаската агенда.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ