ПАЛЧО СЕДНА ВО СУДНИЦА, МАНЕВ ГО КРИЕШЕ ЛИЦЕТО ОД МЕДИУМИТЕ – ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ

0
130

Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен како планер и реализатор на убиствата. Велибор Манев беше единствениот кој го криеше својот лик додека медиумите правеа видео-инсерти. За првпат, во судница со Палчо, седна и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, пренесе Скопје1.

Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок на Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.