Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ПАЛЧО БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈАТА – ТВРДИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е МОНТИРАН

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски вели дека се работи за монтиран случај. Обвинителството изведуваше материјални докази, а Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски. Тој рече дека е недозволиво судијата во овој случај да не е заинтересиран и, како што вели тој, да не го бара оружјето со кое се извршени двете убиства.

„Ова е монтиран случај и спрега помеѓу судот, полицијата и обвинителството. Дури и чаурата која беше пронајдена во близина на Велес е вештачена, но не е доставена како доказ“, вели  Палевски. Дополнително тој праша каде исчезнала ташничката на обвинетиот Велибор Манев на пат од Велес до полициската станица Кисела Вода и што имало во неа.

Вања била застрелана во глава од растојание од половина метар, од задната страна на телото, во момент кога клечела. Анализите покажале дека трагите од кал под нејзините нокти, како и на врвовите на нејзините патики, укажуваат дека се движела низ каллива подлога непосредно пред ликвидацијата. Обвинителството изнесе и други клучни докази, меѓу кои и фотографии од мобилниот телефон на Панче, пронајден фрлен во трње, и снимки од местото каде што биле откриени телата. Телото на Панче било закопано во плитка дупка од 60 сантиметри длабочина и 160 сантиметри дијаметар, каде што била пронајдена и чаура од куршум.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ