Пакистан ги затвори сите гранични премини со соседен Иран на неопределено време, објавија денес властите на земјата.Контролните пунктови беа затворени во сите пет области – Чаги, Вашук, Панџгур, Кеч и Гвадар, објави Ал Џезира.
Сепак, немало „забрана за трговски активности“ на границата, а пакистанските државјани кои треба да се вратат во својата земја од Иран можат да го сторат тоа, додадоа изворите.