Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

ПАДНА ПОКРИВОТ НА ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР

Завчера во Прилеп била избегната трагедија, кога се срушил дел од покривот на градскиот пазар. Како што раскажуваат прилепчани, за среќа не биле повредени тезгаџии или купувачи, но за проблемот со кровот кој бил дотраен, имало реакции и во минатото.

-Доволно беше да заврне снег, и да се види колку квалитетно е изработен покривот. Под тежината на врнежите падна кровот, а надлежните служби со име и презиме треба да кажат пред јавноста кој и како го градел и кој проценил дека е безбеден, и како се одржувал за целото време, се само дел од реакциите на граѓаните. Инаку, Јавното комунално претпријатие „Пазари“ – Прилеп се занимава со стопанисување на градскиот пазар во централното градско подрачје и останатите дисперзирани локални пазари. Од таму се огласија со соопштение до тезгаџиите, да ги отстранат сите непрописно ставени најлони и церади над тезгите или под кровот на пазарот. – Во тек е контрола и санација на дефектите во електричната инсталација во пазарот како и првиот дел од проектот за санација на оштетувањето на кровната површина на зелениот дел од пазарот- информираа од ,,Пазари”.

Прилепскиот градски пазар е еден од најстарите во земјава. Се покриваше во неколку фази, во тек на неколку години, а покривањето заврши во 2016 година, кога на чело на градот беше Марјан Ристески. Тогаш тој истакна дека инвестицијата чинела околу четири милиони денари, средства обезбедени преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од Бирото за регионален развој. Од ОО СДСМ Прилеп пак, по паѓањето на дел од покривот, побараа одговорност од актуелниот градоначалник Борче Јовчески и му порачаа да поднесе неотповиклива оставка.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ