Падна одлука, утре почнува политичката драма: Џафери утре ќе ја води седницата во Собранието

0
715

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет.

-Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра состојба и утре тој ќе ја води седницата, информираат од кабинетот на Џафери.

Претходно денеска тој изјави дека се чувствува добро и дека веќе е извесно дека ќе претседава со конститутивната седница утре. Тој денеска ја напушти Инфективна клиника каде беше сместен од 24 јули, а неколкуте последователни тестови на ковид биле негативни.